бујак | м.
Честак, густеж. Од бујакот, одвреме-навреме, ќе спрпоти потплашена шумска птица.
бујрум | изв.
Повели, повелете. Бујрум, коџабаши, бујрум, повели седни, да направиме еден муабет.
буџа | м.
Важна личност најчесто од политичкиот свет.
буџет | м.
Пресметка на приходите и расходите на државата, на установа, претпријатие итн., за определен период. Средствата од буџетот се намалени за 3 отсто.
буџетар | м.
Лице што работи во буџетска установа.
буџетски | прид.
Што се однесува на буџет. Буџетска организација. Буџетски дефицит.
Буџумбура | ж.
Главен град на Бурунди.
бљуд | м.
Тркалезна штица на која се меси или се јаде;
бљудо | ср.
Чинија. Домаќинката пред нив ставила големо бљудо.
в 1 | глас