валкан | прид.

Што е нечист. Валкан чаршаф.

валканица | ж.

Нечистотија. Снегот ги покриваше валканиците по селскиот сокак.

валмест | прид.

Што е вретенест. Телото ѝ беше цврсто и валместо.

валмо | м.

Вретено, оска, столб на воденично колце.

валмоса | св.

Исуче во форма на валмо. Валмосани мустаќи.

валог | м.

Планинска долина што се ора. Во валогот работеа неколку селани.

Валонија | ж.

Област во Белгија, со франкофонско население.

валоризација | ж.

Определување на вредноста, проценка; поправање или зголемување на цените на стоките, на валутата, хартиите од вредност, на инвестициите и сл. по вештачки пат. Може да се спроведе валоризација на хартиите од вредност.