валоризира | св. и несв.

Изврши, врши валоризација.

валта | ж.

Рамна и влажна плодна земја. Напролет лежеа на влажна и плодна валта и раскажуваа за зимата што помина.

валуга | ж.

Топка направена од снег, од земја и сл. Снежни валуги.

валугар | м.

Орев што се фрла во игра со ореви.

валута | ж.

Паричниот систем земен во целост и паричната единица на некоја земја.

валутен | прид.

Што се однесува на валута. Валутен курс на денарот.

валцер | м.

Танц во такт од три четвртини.