пумпен | прид.

Што се однесува на пумпа.

Пун | м.

Име со кое Старите Римјани ги нарекувале Картагинците.

пункт | м.

Важна точка, место, момент во некоја сфера на дејност, на дејствување што означува некаков пресврт. Пункт околу кој може да се отфрлат сите делби и недоразбирања. Тоа е важен пункт во животот на славниот писател.

пунктира | несв.

Испишува линија со точки или со цртички.

пунктуација | ж.

Систем од правила за употребата на интерпункциските знаци.

пункција | ж.

Убод во телесна шуплина или орган со шуплива игла заради извлекување материјал за утврдување на патолошки промени или испуштање на собрана течност.

пунч | м.

Топол алкохолен напиток подготвен од пет состојки (обично: рум, вино, чај, сок од лимон, шеќер).

пунџа | ж.

Женска фризура со подигање на косата на темето или на тилот.

пупа | несв.

За пупунец ‒ оддава глас налик на пуп‒пуп.

пупале | ср.

Вид на малечко обредно лепче; пупка.