пупе | ср.
Во детскиот говор ‒ меше, стомаче.
пупи | несв.
Пушта пупки. Во градината напролет цвеќињата пупеа. Бадемовите цветови пупеа, целата природа оживе.
пупка | ж.
Зародиш на изданка или на цвет, често опколен од лушпести ливчиња. Пупка од трендафил.
пуплин | м.
Фина полусвилена или памучна сјајна ткаенина.
пупунец | м.
Песнопојна птица со прекрасни бои, долг свиткан клун и лепезеста кикиришка на главата; Upupa epops.
пупурник | м.
Закржлавено, рахитично дете.
пупчест | прид.
Што е во форма на пупка. Пупчесто чело.
пупчи | несв.
Прави да биде испупчено. Ги пупчи широко градите исправајќи се.
пура | ж.
Рачно завиткани тутунови лисје подготвени за пушење.
пургатив | м.
Средство за прочистување на цревата; лаксатив.