радиопрограма | ж.

Програма на емисиите на една радиостаница.

радиореклама | ж.

Реклама што се емитува преку радио.

радиорепортажа | ж.

Репортажа пренесена преку радио.

радиорепортер | м.

Известувач, новинар што собира и обработува вести за радиоемисија.

радиосигнал | м.

Сигнал што се пренесува со помош на радиобранови.

радиоскопија | ж.

Лекарски преглед со помош на рендген апарат без изработка на рендгенска снимка.

радиослушател | м.

Слушател на радиопрограма. Нивното радио има голем број радиослушатели.

радиосонда | ж.

Метеоролошки инструмент за мерење на температурата, влажноста и притисокот на воздухот и на брзината и правецот на ветрот во повисоките слоеви на атмосферата.

радиостаница | ж.

Апаратура за примање и предавање на радиобранови. Радиостаницата има слаб сигнал на периферијата од градот.

радиостудио | ср.

Специјално опремена просторија за изведување на радиопрограма.