радиолокација | ж.
Откривање на објекти со помош на високи радиобранови, преку радар.
радиометар | м.
Направа за мерење на механичкото дејство на топлината на светлосните зраци.
радиометеорологија | ж.
Гранка од метеорологијата којашто ги испитува својствата на атмосферата со помош на радиобранови.
радиомеханичар | м.
Електротехничар што врши поправка и инсталирање на радиоапарати.
радиооркестар | м.
Оркестар што изведува дела преку радио.
радиопредавател | м.
Систем од апарати за емитирање на радиобранови.
радиопренос | м.
Директно пренесување на некоја програма (натпревар, концерт, манифестација и сл.) преку радио.
радиопретплата | ж.
Месечна претплата за користење на радиоапарат.
радиопретплатник | м.
Тој што плаќа радиопретплата.
радиоприемник | м.
Апарат за примање радиобранови; радио, радиоапарат.