распати | св.
Одгледа, расплоти, се погрижи за оплодување, расплодување на домашни животни; запати. Таа распати пилиња. Тој распати кучиња.
распатува се | св.
Почне да патува често, многу, насекаде. Таа се распатува, цел свет го прошета.
распашан | прид.
Што е без појас. Распашан домаќин.
распаше | св.
Симне појас од некого или од себе. Таа го распаша мажот. Тој го распаша појасот.
распеан | прид.
а) Што се препуштил на пеење, што е занесен во песна. Распеани деца. Распеана дружина. б) За човечки глас ‒ што е добро извежбан, подготвен, сигурен во изведбата. Распеан глас.
распева се | несв.
распее | св.
Направи некој да почне (многу) да пее. Тој ги распеа гостите.
распекмези | св.
Разгали, распушти. Таа ги распекмези децата. Родителите ја распекмезиле.
распенави | св.
распени | св.
Направи да има пена. Таа со рака ја распени водата во легенот.