распишти се | св.
Почне силно да пишти, да вреска, да писка. Сирените се распиштиле. Децата се распиштија. Ветрот се распиштил.
распиштоли се | св.
Се распушти, се раскомоти, се опушти премногу. Децата се распиштолиле низ собата. Момчињата се распиштолија по селото.
расплакан | прид.
Глаголска придавка од расплака.
расплакува | несв.
распламени се | св.
Вивне во пламен. Огнот се распламени.
распламти | св.
Направи нешто да почне силно да гори; разгори, распали. Ветрот го распламти огнот. Тој со малку нафта го распламти огнот во печката.
расплапоти се | св.
(разг.) Почне да зборува многу, да брбори, да дрдори, раздрдори; плапоти. Група девојчиња се расплапотиле под прозорецот.
распласка се | св.
Почне да пласка зачестено, засилено, да удира произведувајќи специфичен звук. Таа се распласкала со рацете. Птицата се распласка со крилјата. Детето се распласкало со устата.
расплата | ж.
Пресметка, одмазда, расчистување сметки и долгови од различен вид. Еден ден ќе дојде времето за расплата.
расплати се | св.
Плати парични сметки, исплати, се ослободи од долг, заем и сл. По една година тој се расплати и никому веќе не должеше. Тие се расплатија и секој тргна по својот пат.