рашка 1 | ж.
Вид круша. Децата береа рашки од долот.
рашка 2 | ж.
Парче, дел, резанка од нешто. Му даде една рашка од печеното месо.
рашомонијада | ж.
Настан прераскажуван во повеќе различни верзии, така што е невозможно да се утврди вистината.
раштима | св.
(муз.) Растрои музички инструмент (клавир, гитара и сл.), направи да испушта лош, неправилен звук, да изгуби созвучност. Децата го раштимаа пијаното.
раштрака се | св.
Почне засилено да штрака. Кројачките се раштракале со ножиците. Тој се раштракал со пиштолот.
раштрка | св.
Разбрка, распрсне, разотиде, разбега, рашета на разни страни. Детето ги раштрка пилињата по дворот. Таа ги раштрка децата по собите.
раштркан | прид.
Распрснат, разместен на различни страни. Раштркани книги. Раштркана облека.
раштрклави се | св.
За стока (говеда, кози и сл.) ‒ разбега, раздвижи вознемирено. Козите се раштрклавија на сите страни. Стадото се раштрклави.
раштрколи се | св.
'рбел | м.
Само во поговорката ‒ Се насмеал (се посмеал) 'рбел на штрбел ‒ не се гледа себеси, а зборува за други.