рачник | м.

Пешкир, крпа за бришење раце, лице и сл. Во бањата имаше обесено нови рачници.

рашета | св.

Прошета, разгледа простор со шетање, шета насекаде и на повеќе места за разонода. За едно попладне го рашетаа дворецот. Откако го рашетаа градот, седнаа да ручаат.

рашетар | м.

Тој што многу шета, безделничи со шетање.

рашива | несв.

рашие | св.

Отшие, отпара, распара нешто сошиено. Прво го рашив фустанот, а потоа го исправ платното.

раширен | прид.

Што е распространет, проширен на различни страни. Раширено мислење. Раширена приказна. Раширено невреме.

рашири | св.

Направи нешто да стане пошироко. Рашири пат. Тој со раце ја рашири оградата и влезе во дворот. Девојчињата го раширија ластикот. Рашири влез.