ревма | зам.
Вид болест;
ревматизам | м.
Вид болест на коските и на зглобовите; назив на повеќе видови болести што се однесуваат на болка, виење, разградување и попуштање на коскеното ткиво; артритис.
ревматичен | прид.
Што е заболен или има симптоми на ревматизам. Ревматичен човек. Ревматични пациенти.
ревматологија | ж.
Наука што се занимава со изучување и со лекување на болестите на коските, што ги опфаќа сите болести на коските.
ревне | св.
Се огласи со рев; Тој ревна уште посилно. Тој ревна кон децата.
ревнив | прид.
Што покажува, што изразува љубомора. Ревнив маж. Ревнив поглед.
ревнивец | м.
Љубоморен човек.
ревнивост | ж.
Сомнеж во верноста на саканото лице; љубомора Со нескриена ревнивост ги следеше нејзините постапки.Нагласена ревнивост се јавуваше кај неа кога ќе се доближеше некој до момчето.
ревнител | м.
Тој што се стреми ревносно да постапува, оној што е ревносен.
ревносен | прид.
Што покажува ревност, што се залага, што се труди; вреден, трудољубив. Ревносен посетител. Ревносни застапници. Ревносна службеничка.