алва | ж.

Сладок десерт од брашно, гриз, шеќер и масло. Бела алва. Домашна алва. Таан алва.

алваџија | м.

Лице што произведува или што продава алва.

алга | ж.

Водна билка без корен, жили и без цвет со растителна боја (хлорофил). Мириса на сол и алги, на риби и птици.

алгебра | ж.

Гранка од математиката што ги проучува операциите со општи броеви.

алгоритам | м.

Ефективен метод во сметањето со кој од дадени појдовни податоци се доаѓа до бараниот резултат. Математички алгоритам.

алегоричен | прид.

Што е во облик на алегорија, завиен. Алегориченначин.

алегорија | ж.

(лит.) Сликовит начин на изразување на апстрактните поими. Под вид на пародија се провлекуваат алегории и илузии.

алегро | прил.

прил. Весело, живо, брзо.

Александрија | ж.

Пристаништен град во Египет.

алелуја | изв.

Припев во црковните песни со значење: фалете го Бога.