алем-камен | м.
Скапоцен камен, дијамант.
ален | прид.
Алов, светлоцрвен. Ален цвет. Усни алени.
алергичен | прид.
Што страда од алергија, што покажува алергија.
алергија | ж.
Пречувствителност на организмот на извесни материи. Ме фаќаше алергија секоја пролет.
алест | прид.
Алеутски Острови | и.
Острови во Тихиот Океан.
алеја | ж.
Пат, премин, шеталиште со дрворед. Тревна алеја. Песочна алеја. Алеја на великаните.
Алжир | м.
Држава во Африка.
Алжир | м.
Главен град на Алжир.
алиби | ср.
Доказ дека обвинетиот во мигот на извршувањето на делото бил на друго место, а не на она каде што е извршено кривичното дело. Во времето кога сето тоа се случило сопругата на умрениот била кај својата мајка, така што обете имаат алиби.