водич | м.

Лице што води туристи, покажува знаменитости и сл. Туристички водич. На екскурзијата низ Европа имавме двајца водичи.

водичар | м.

Лица што на Водици одат по куќите и пеат песни. Најстариот водичар ја предводеше групата водичари.

водлест | прид.

воднест | прид.

водник 1 | м.

Место за миење. Се миеше на водникот направен од штици.

водник 2 | м.

Подофицер, старешина на вод. На чело газеше нашиот водник. Водникот го набљудуваше теренот.

водникав | прид.

Што содржи вода повеќе отколку што треба. Водникава храна.

Водно | ср.

Планина во Македонија.

водовачка | ж.

Место каде што се собира или тече вода во помала количина. На повеќе места се беа направиле водовачки.