воденичаров | прид.
Што му припаѓа на воденичар. Воденичарова капа.
воденичен | прид.
Што се однесува на воденица. Воденично тркало. Воденични камења.
воденка | ж.
Вид есенска круша. Во дворот имаше воденка.
водест | прид.
водечки | прид.
Што води, што е на чело; прв, главен. Водечка идеја. Водечка личност.
води | несв.
а) Придружува некого при одење; покажува пат некому (човек, животно). Го водеше детето за рака. Гостин ти водам. Ги води коњите на пасење. б) Тера, спроведува некого под принуда. Го водат в затвор.
водилка | ж.
Нешто што води, што служи како патоказ. Мислата, како да избега оттаму, му беше водилка. Ѕвездите се мои водилки.
водило | ср.
Јаже на оглав, огламник со кое се води добиток. Ја фати јуницата за водило. Му го затегна водилото на коњот.
водител | м.
водач_1
Водици | и.
Христијански празник што се слави на 19 јануари во чест на денот кога Исус Христос бил крстен во реката Јордан; Богојавление. Никогаш толку не студело на Водици.