старее | несв.
Станува стар. Годините минуваат, татко ми старее.
старејко | ср.
старејковица | ж.
старец | м.
Стар човек. Белоглав старец. Мудри старци.
старечки | прид.
Што се однесува или што е наменет за стари лица. Старечко лице. Старечки очи. Старечки дом.
старешина | м.
Тој што е претпоставен на воена или полициска единица или установа.
старешинство | ср.
Дејност на старешина.
старикав | прид.
старило | ср.
Стар, изнемоштен човек.
старина | ж.
Предмет од старо време. Купувач на старини.