стапче | ср.

Дем. и хип. од стап.

стапчест | прид.

Што е во форма на стапче, што е како стапче.

стар | прид.

Што е роден одамна, што има многу години; млад. Стар човек. Стара вдовица.

старател | м.

Тој што има старателство врз некого.

старателство | ср.

Законско право за грижа над друго лице додека не стане способно да се грижи за себе. Барање за старателство. Старателство за малолетно дете. Старателство за болен.

старачка | ж.

Стара овца.

стареа | м.

Старешина, главатар.

Стар Египет | м.

Древна држава на просторот на денешен Египет.