стартува | св. и несв.
(спорт.) Заземе, зазема стартна позиција за натпревар, започне, започнува натпревар. Натпреварувачите во маратонското трчање стартуваа.
старудија | ж.
Стар предмет (облека, посатки и сл.) што е исфрлен од употреба 2. (грубо, ирон.) За човек ‒ како придавка: Што се мешаш, старудијо една!
старче | ср.
Дем. и хип. од старец.
стаса | св.
статив | м.
Приспособена направа, држач за ставање, прицврстување разни предмети или уреди (фотоапарат, филмска камера, оптички инструмент и др.).
статива | ж.
Еден од двата столба што ја носат гредата на голот, дирек.
статија | ж.
Текст на одредена тема подготвен за објавување во научно, културно или друг вид списание. Речничка статија.
статика | ж.
(физ.) Дел од механиката што се занимава со проучување на рамнотежата на силите што дејствуваат врз телата во мирување; динамика.
статира | несв.
Е статист, има улога на статист.
статист | м.
Лице што учествува обично во масовни сцени, во театарска претстава или филм без говорна улога.