статистика | ж.
Проучување и следење на количествената состојба на масовните појави (општествени и др.) преку прибирање и обработка на податоци што се искажуваат со бројни односи, проценти и сл. Демографска статистика. Економска статистика. Индустриска статистика.
статистичар | м.
Тој што се занимава со статистика.
статичен | прид.
Што е во состојба на мирување, неподвижен. Статична состојба. Статичен телефон.
статни | св.
Одеднаш почне да татни; зататни. Ќе статнат топовите.
статор | м.
Електромагнетски дел од динамо или од електричен мотор што не се врти;
статуа | ж.
Скулптурна фигура на човек или животно во природна големина, изработена од дрво, метал, камен и др. Дрвена статуа. Статуа од мермер. Златни статуи на кралеви.
статуота | ж.
Мала, минијатурна статуа. Сребрена статуета. Статуета на божица.
статус | м.
Состојба, моментална положба, околности, услови. Статус на разведен човек. Статус на студент.
статусен | прид.
Што се однесува на статус. Статусно право. Статусни разлики.
статут | м.
Општ правен акт сообразен со законот со кој се пропишува организацијата и функционирањето на работните и стопанските организации, на установите и политичкотериторијалните заедници, како и правата и должностите на нивните припадници.