стетограф | м.

Направа за графичко претставување на дишењето.

стетографија | ж.

Бележење, мерење на дишењето со помош на стетограф.

стетоскоп | м.

Лекарска слушалка, инструмент за преслушување на срцето и белите дробови.

стетоскопија | ж.

Лекарски преглед, лекарско испитување со стетоскоп.

стечаен | прид.

Што се однесува на стечај. Стечајна постапка. Стечајна маса.

стечаец | м.

Вработен во фирма што е под стечај, стечаен работник.

стечај | м.

(екон.) банкрот_1

стече | св.

За течност - нагло протече. Стече крв од устата.