стивасува | несв.
стивне | св.
Ослаби, се намали интензитетот, јачината на некаков звук, престане да се слуша, се смири, притивне. Наеднаш вревата и плачот малку стивнаа. Роморот на дождот стивна. Во театарот стивнаа аплаузите на публиката. Стивна лаежот на кучињата.
стига | прил.
стига | несв.
стигне | св.
Настигне, пристигне некого или нешто при движење. Побрзав и ја стигнав другарка ми. Вие одете, ќе ве стигнеме! Тој потрча и го стигна коњот. Овчарските кучиња го стигнаа стадото.
стија | ж.
Самовила.
стијоса | св.
Само во изразот: стија те стијосала ‒ клетва.
стил | м.
Севкупност на формални карактеристики по кои се разликува определен уметнички правец, период, род и сл. од другите. Антички стил. Византиски стил. Римски стил. Народен стил.
стилизатор | м.
Тој што врши стилизација.
стилизација | ж.
Придавање, внесување на некои карактеристики од определен стил во нешто ново, во некоја нова изработка. Стилизација на народна носија. Стилизации на народни песни.