стилизира | св. и несв.

Придаде, придава на нешто карактеристични црти на некој стил.

стилизиран | прид.

Што е направен според карактеристики на некој стил или е изработен како имитација на одреден стил. Стилизирано оро.

стилист | м.

Тој што ја познава уметноста на книжевниот стил, што има убав книжевен израз, што има убав стил. Тој е роден стилист.

стилистика | ж.

Наука што ги проучува изразните средства и можности на јазикот, како и нивната реализација во говорот.

стило | ср.

стилски | прид.

Што се однесува на стил, што се однесува на некој конкретен стил. Стилски мебел.

стимул | м.

Поттик, подбуда. Позитивен стимул. Стимул за подобар квалитет. Традиционален стимуланс. Различни стимуланси

стимулатор | м.

Средство за стимулација. Хемиски стимулатори. Стимулатор за развојот на стопанството.

стимулација | ж.

Поттикнување за забрзано извршување на нешто. Економски мерки за стимулација на производството. Стимулација за вложениот труд на учениците.