тавчија | м.

Каменорезец.

тага | ж.

Длабока душевна болка, жал. Тешка тага. Не чувствуваше ни умор, ни напор, ниту тага. Тој со голема тага на душата испушти една воздишка. Очите на луѓето се полни со тага.

тагар | м.

Сад за брашно во форма на мал барабан отворен од едната страна што служи и како мерка за жито (околу 50 кг). Таа донесе еден тагар брашно.

тагари | несв.

Надува, набрекнува. Треската му го тагари мевот.

тагарче | ср.

Вид кожена торба; тагарчик. Овчарите ги наполнија своите тагрчиња со леб.

тагарчик | м.

Вид кожена торба; тагарче.

таговен | прид.

Што изразува тага, што е исполнет со тага, тажен. Таговни песни. Таговен глас. Таговни дни.

тагува | несв.

Чувствува жал за нешто изгубено, поминато, неостварено. Скришно тагуваше по татковиот дом.