таен | прид.

а) Што се чува како тајна, што е скриен, непознат. Таен влез. Тајна просторија. Таен обожавател. б) Што се одвива крушум, што не е за јавноста; што не им се соопштува на другите. Таен состанок. Тајни преговори. Тајна врска. Тајно гласање. в) Што не е познат, што дејствува кришум од власта, од јавноста. Тајна полиција. Таен агент. Тајна организација.

тажаленка | ж.

Стихови или песна со која се жали за некого или за нешто.

тажачка | ж.

Изразување тага, жал за покојникот со зборови и плач, тажење.

тажен | прид.

Што чувствува тага, што е обземен од тага. Никогаш не бил олку тажен.

тажи | несв.

Чувствува тага, жал. Не тажи, војната набрзо ќе заврши.

тажник | м.

Јадник, клетник. Никому нема да те предадам, тажнику!

тажникав | прид.

Што изразува тага, што е исполнет со тага; таговен, тажен. Тажникави тонови.

тажновина | ж.

Тага, жалост, тагување. Тажновина беше откај да се завртиш.