тажовен | прид.
Што изразува тага, што е исполнет со тага; таговен, тажен.
тазе | прид.
Што е скоро приготвен, што не ги изгубил своите природни својства, свеж. Тазе бурек.
таи 1 | несв.
Чува нешто во тајност, прикрива, сокрива. Таа не можеше да го таи своето задоволство.
таи 2 | несв.
Тече, прокапува, пропушта влага.
таим | м.
таин | м.
Храна, оброк што се дава на војници, на работници и сл., следување. Војнички таин. Кулучарски таин.
таинствен | прид.
Што содржи нешто тајно, нејасно; потаен, загадочен. Таинствена шума. Таинствена врата. Таинствена жена.
таинство | ср.
таинџија | м.
Тој што ја снабдува војската со храна, тој што дава таин.
Тајван | м.
Островска држава во Азија.