туна | ж.
Вид крупна морска риба, топлокрвна и многу брза, со вкусно розово месо; Thunnus thynnus.
тундра | ж.
Голема рамница во арктичкиот појас, обрасната со ниска растителност.
туне | несв.
тунел | м.
Ископан подземен премин низ рид, под пат и сл. со излез на двата краја и со различна намена. Долг тунел. Железнички тунел. Тунели за автомобили. Патнички тунели.
туника | ж.
(истор.) Долна облека слична на кошула, без ракави или со куси ракави, што ја носеле мажите и жените во стариот Рим.
Тунис | м.
Држава во Северна Африка.
Тунис | м.
Главен град на Тунис.
тунтурест | прид.
За човек – полничок, дебеликав. Тунтурести моми.
тунтурици | и.
Вид женски накит од народната носија, сребрен украс со монети за на глава, што го прекривал челото.
туп! | изв.
За подражавање звук што се слуша при движење, трчање. Туп, туп, еве го на врата! Туп, туп, туп по скалите, истрча во дворот!