турбо | прил.
Постојано, без прекин. Работиме турбо.
турбо- | претс.
Прв дел од сложенки кој покажува дека тоа што го означува основата на вториот дел од сложенката се движи со помош на турбина: турбогенератор, турбореактор.
турбогенератор | м.
Турбина и генератор за производство на електрична енергија.
турбореактор | м.
Мотор на млазен погон.
турбулентен | прид.
Што се однесува на турбуленција. Турбулентно движење.
турбуленција | ж.
Неправилно, вртложно струење што се јавува кај течноста или кај гасот кога ќе се судри со цврсти тела или кога брзината на струењето ќе надмине определена граница.
тури | св.
Налее, сипе течност во нешто или врз нешто. Домаќинот тури вино во чашите. Таа пријде и му тури вода да се измие.
турива | несв.
Тура.
туризам | м.
Привремено, краткотрајно движење на луѓето кон дестинации надвор од местата во кои обично живеат и работат и нивните активности во текот на престојот во тие дестинации. Домашен туризам. Селски туризам. Зимски туризам.
туризмолог | м.
Специјалист за проблемите на туризмот.