туторство | ср.
тутулав | прид.
Ограничен, заостанат, прост, затутулен. Тутулава жена.
тутуле | ср.
Тутулав, затутулен човек. Се правеше тутуле, а секому солеше ум и во сè се мешаше.
тутулебале | ср.
Тутулав човек.
тутули | несв.
Премногу облекува, завиткува. Го тутули детето на жештини.
тутун | м.
(бот.) Едногодишно индустриско растение со зелени листови што содржат никотин; се одгледува главно во комерцијални цели; Nicotiana; Нива за тутун. Расад на тутун. Лист од тутун.
тутунар | м.
Тој што се занимава со одгледување тутун.
тутунарство | ср.
Стопанска гранка што се занимава со производство на тутун.
тутунешка | ж.
Стебло од тутун по бербата на листовите.
тутуниште | ср.
Место насадено со тутун. Гори тутуништето. Птиците одлетаа кон тутуништата.