врескотница | ж.

Врескање, пиштење. Каква е таа врескотница? Стадото се ближело со страшни врескотници.

вреслив | прид.

Што е врескав. Вресливи гласови. Вреслива песна. Вреслив јазик.

вресне | св.

Силно спишти, писне со продорен глас. Се удри од креветот и вресна.

вресок | м.

Краткотраен силен глас, писок. Чу вресок од моми и жени. Страшно го потресе вресокот. Вресок на мачки.

вретенар | м.

Мајстор што прави и продава вретена. Вретенарот направи девет вретена.

вретенарка | ж.

вретенар.

вретенест | прид.

Што има облик на вретено. Вретенест корен. Вретенести риби.

вретено | ср.

Дрвено заоблено стапче што е подебело на средината, а зашилено на краевите, на кое се намотува преѓа при предење. Преде со дабово вретено.

врз | предл.

Означува местоположба, наоѓање или движење озгора на или по површината на нешто. Врз двете ќебиња беше ставена и една јамболлија. Врз снегот се гледаа свежи траги од мечка. Паднал врз некој стог со сено и така се спасил. И лете врз кошулата носеше елек. Лазеа муви врз расечената лубеница.