врховист | м.
Приврзаник на врховизмот.
врцка | несв.
Ситно врти со нешто. Доста врцкаш со машината!
врчва | ж.
Глинен сад со две рачки за сало, кисело млеко, пијалак и сл. Носи две големи врчви вино. Црпна две лажици сало од врчвата.
врчка | ж.
врчкав | прид.
Што има виткана коса; кадрав.
врша | ж.
Кош од прачки за ловење риба. Отиде да лови риба со вршата.
вршало | ср.
Место во водата каде што се поставува вршата за ловење риба.
вршач | м.
Тој што врши жито.
вршачка 1 | ж.
Жена што врши жито.
вршачка 2 | ж.
Заемно ветување на момче и девојка дека ќе стапат во брак; свршувачка. Зборуваа за вршачките што се правеа секоја вечер во селото.