вршник | м.

Метален поклопец под кој се пече леб и др.

всади | св.

Вметне, втисне во нешто, зацврсти во лежиштето.

всали се | св.

Замириса од застоеност, обично месо или маст. Месото се всали. Путерот се всали.

всее | св.

Влее страв, омраза и сл.

вселена | ж.

Сиот свет што нè опкружува; космос, универзум.

всели | св.

Доведе, смести некого во стан, куќа и сл. Студентката ја вселија во студентскиот дом.

всече се | св.

Со засекување навлезе, се вреже. Реката длабоко се всекла во коритото. Кривата сабја се всече во раката.

всипе се | св.

Се осипе со бронки.

вслуша се | св.

Внимателно се заслуша. Се вслуша во музиката.

всоне | прил.

Во сон, при спиење. Често гледам всоне бледна глава.