Алјаска | ж.
Сојузна држава во САД.
ам | м.
Запрежна коњска опрема. Тој продаваше амови по панаѓурите.
ам! | изв.
Во детскиот јазик – извик со кој се изразува дејството на лапање, касање. Децата викаат како чавчиња, весело: ам, ам.
ама | чест.
а) При изразување чудење, изненадување. Ама јадење сторивме! Ама работа имало овде! б) арно ама. За воведување спротивставување на претходно кажаното; добро ама, меѓутоа. Сите си легнале, арно ама, по некое време некој затропал на вратата.
ама | сврз.
За поврзување зборовни групи и реченици кои се содржински спротивставени, карактеристичен за разговорниот јазик и за уметничколитературниот стил. Сѐ земи, ама не оставај ме. Не сакав да дојдам, ама ме донесоа.
Амазон | м.
Река во Јужна Америка.
Амазонија | ж.
Област во Бразил, по течението на реката Амазон.
амазонка | ж.
(мит.) Припадничка на воинствено племе жени, жена-војник. Каде сте чуле сирени и амазонки да се капат облечени?
амал | м.
Носач. Тој работеше неколку години како амал на пристаништето.
амалгам | м.
(хем.) Легура од жива со други метали. На овој начин се создава амалгам на живата со калиумот.