вчури | св.
Вчади, зачади. Ќумбето ја вчури собата.
вшантрави се | св.
Стане кривоног.
вшатори се | св.
Се разграни.
вшие | св.
Зашие, сошие внатре. Му вшив потполнки на мантилот.
вшир | прил.
Во ширина, хоризонтално. За изминативе години, пишувачот на овие редови вдолж и вшир го прошета светот.
вшмука | св.
Со шмукање, со вовлекување (течност, воздух и сл.) влече во себе или во нешто. Вшмука бензин.
вѓаволи се | св.
Стане ѓаволест.
вѕида | св.
Вгради, заѕида (во ѕид). Многу бигорни камења вѕидале мајсторите во манастирот.
вѕира се | несв.
Се загледува со внимание. Јадрите очи се вѕираа напред во темнината.
вјаса | несв.
Брза, брзо врши некое дејство. Тој во сѐ вјаса, но никогаш навреме да стаса. Таа вјасаше да ја суреди куќата.