вјасана | прил.
Брзо, на брзина. На вјасана.
вјасаница | прил.
Брзо, брзајќи. Вјасаница дојде дома.
вљубен | прид.
Тој што се вљубил, што е обземен од љубов кон некого или кон нешто. Двајца млади вљубени седеа на кејот.
вљубеник | м.
Тој што е вљубен, во некого или во нешто. Вљубеник во добриот збор.
вљуби се | св.
Се заљуби, пројави љубов кон некого, засака некого. Се вљубиле и се зеле. Се вљуби на прв поглед.
вџари се | св.
Се загледа, се втренчи, се внесе во некого. Војникот се вџарил во селанените.
вџасен | прид.
Што се вџаси. Неговиот гладен и вџасен поглед ја жежеше под кожа.
вџаси се | св.
Се запрепасти од нешто. Претрпна, се вџаси и рипна од столот.
вџаши се | св.
г | глас
Глас, звучна согласка во македонскиот стандарден јазик, заднонепчена според местото на образување, експлозивна според начинот на образување.