Галичица | ж.

Планина во Македонија.

Галичник | м.

Село во Македонија.

галија | ж.

Едреник, голем старовремски брод што плови со помош на весла и на едра. Виде галии со полни едра и со развиорени знамиња.

Галија | ж.

Некогашна област, на територијата на денешна Франција.

галне | св.

Кратко помилува. Само го гална по образот и си замина.

галовен | прид.

Што е нежен, топол. Галовен поглед.

галон | м.

Англиска мерка за течност.

галоп | м.

Вид брзо коњско трчање со скокови. Коњаникот го потера коњот во галоп.

галопира | несв.

За коњ – трча во галоп, трча брзо со скокови. Коњите галопираа.

галош | м.

Плитки обувки за кал и за снег, направени од гума, што може да се носат и преку други обувки.