генерира | св. и несв.
Создаде, создава, роди, раѓа, предизвика, предизвикува нешто. Војната генерира чувство на страв кај луѓето.
генетика | ж.
Наука за развитокот на организмите, за наследувањето определени особини и за нивната променливост. Хумана генетика.
генетичар | м.
Човек што се занимава со генетика.
генитален | прид.
Што се однесува на гениталии. Генитална болест.
гениталии | и.
Полови органи.
гениј | м.
Човек со исклучителни способности, посебно надарен човек, голем талент, човек со голема дарба.
генијален | прид.
Што е исклучителен, посебно надарен, талентиран, со голема дарба. Генијално дете.
геноцид | м.
Систематско уништување, истребување на определена група луѓе поради расни, верски или национални причини. Се вршеше геноцид на еврејскиот народ.
геноциден | прид.
Што се однесува на геноцид.
гео- | претс.
Како прв дел во сложенки со значење земја, земјен, во врска со земја, на пр.: геоботаника, географија, геологија, геофизика.