геоботаника | ж.
Наука што се занимава со проучување на распространетоста на определени видови растенија.
геоботаничар | м.
Човек што се занимава со геоботаника.
географ | м.
Човек што се занимава со географија.
географија | ж.
Наука за Земјата, нејзините особености, територијалната распространетост на населението и живите организми, условите за живот; земјопис. Биолошка географија. Политичка географија. Физичка географија.
геодезија | ж.
Наука за мерење земјени површини, обично за картографски, стопански и воени цели.
геодет | м.
Човек што се занимава со геодезија.
геолог | м.
Човек што се занимава со геологија.
геологија | ж.
Наука за настанувањето, составот и градбата на Земјата.
геометар | м.
Човек што се занимава со мерење земјиште.
геометрија | ж.
Дел од математиката што се занимава со просторните форми, односно со геометриските тела, површини, линии и точки, нивното мерење и нивниот меѓусебен однос. Нацртна геометрија.