гргне | св.
Истече наеднаш, во големо количество. Од главата му гргна крв.
гргор | м.
Силен клокот. Од изворот се слушаше гргор.
гргори | несв.
Создава звук при течење. Бистрото поточе весело гргореше.
гргот | м.
грготен | прид.
Што создава силен гргот. Грготната река надоаѓаше.
грготи | несв.
Создава силен, бучен звук. Оттаму непрекинато грготеа топовите.
грготница | ж.
гргулав | прид.
Што е подгрбавен, поднаведнат. Гргулав старец се приближуваше по патот.
гргуле | ср.
Вид малечка тиква; Cucurbita ovifera.
грд | прид.
Што е по својот надворешен изглед неубав, непривлечен, непријатен; убав. Грда жена. Грд маж. Грдо куче. Грда куќа.