грдел | м.

Права гредичка на ралото на којашто се држи јаремот.

грди | несв.

Прави нешто да биде грдо, неубаво, непријатно, непривлечно. Брчките го грдат лицето. Тезгите го грдеа плоштадот.

грдомазен | прид.

Што е грд, со грд лик. Тој не беше некое лично ергенче, ами напротив, беше доста грдомазен.

грдотија | ж.

Човек со грд изглед. Жена му беше вистинска грдотија.

греалка | ж.

Електричен апарат што служи за греење.

гребалка | ж.

Направа што служи за гребење.

гребаница | ж.

Гребнато место; рана. Детето беше со гребаници по колената.

гребе | несв.

Драска нешто со нокти или со нешто остро. Мачката гребе. Кучето гребеше по вратата.

гребен 1 | м.

Горен дел од планина, од рид и сл. Се качувавме по гребенот на планината.