дали | чест.
При поставување прашање за изразување сомнеж, колебање и несигурност. Дали ќе се јави кога ќе се врати? Дали има родител што не си го сака сопственото дете? Дали да седам, дали да чекам?
далија | ж.
далматинец | м.
Вид куче со црно-бела дамкава кожа. Сто и еден далматинец.
Далмација | ж.
Приморска област во Хрватска.
далнина | ж.
далновод | м.
Инсталација за пренесување електрична енергија на големи далечини. Жици на далноводот.
далтонизам | м.
Неспособност на очите, видот да разликува некои бои, особено црвената и зелената.
далтонист | зам.
Лице што страда од далтони
далјан 1 | м.
Преграда од колје, праќе и др. на река или во езеро што служи за риболов; брана. Далјан за ловење јагули.
далјан 2 | м.
(арх.) Вид долга пушка.