далеку | прил.

На голема оддалеченост. Појде далеку од дома. Замина далеку.

далекум | прил.

дален | прид.

далечен | прид.

Што е на голема оддалеченост. Далечна земја. Далечно пукање.

Далечен Исток | м.

Географски регион во Азија, ги опфаќа државите од југоисточниот дел на континентот: Кина, Јапонија, Филипините, како и државите од Корејскиот Полуостров, Индокинескиот Потконтинент и Малајскиот Архипелаг).

далечина | ж.

Растојание меѓу две точки или меѓу два предмета; оддалеченост во просторот. Дрвјата се садени на еднаква далечина. Се загледа во далечината.