два-триесетмина | бр.

Приближно, од дваесет до триесет луѓе.

два-тринаесет | бр.

Приближно, од дванаесет до тринаесет.

два-тројца | бр.

Неопределено колку, двајца или тројца.

дваш | прил.

двајца | бр.

Две лица, маж и маж или маж и жена. Двајца браќа. Двајца мажи. Се најдоа брат и сестра, двајцата се расплакаа. Ајде, моме, ние двајца да се земеме.

две | бр.

двеглав | прид.

двегодиначе | ср.

Обично, за живо суштество, за дете што има две години. Дете двегодиначе.

двеилјадити | бр.

Бројна придавка од две илјади. Двеилјадита година.