дебелика | ж.
Билка од фамилијата тикви; Bryonia alba.
дебеликав | прид.
Што е малку дебел; Дебеликав син.
дебелина | ж.
Попречен размер на некое тело во однос на должината или на висината. Хартијата беше со различна дебелина.
дебеличок | прид.
дебелиште | ср.
(дијал.) Силна, плодна земја.
дебелка | прид.
дебелкав | прид.
дебелко | м.
Дебел човек. Што имаш ти горделив дебелко со мене? Дебелкото беше во тешка шинела.
дебелогазест | прид.
Што има дебел задник. Одвратен дебелогазест чиновник.
дебелогазец | м.
Тој што е дебелогазест. Бегај оттука, дебелогазец никаков!