дебелоглав | прид.
Што тешко сфаќа, прифаќа, што тешко разбира што му се кажува.
дебелоглавец | м.
Тој што е дебелоглав. Не се плаши тој од некои си дебелоглавци.
дебелокожен | прид.
Што има дебела кожа. Дебелокожно прасе.
дебелокожец | м.
(зоол.) Вид животни со дебела кожа.
дебелокор | прид.
дебелокорест | прид.
Што има дебела корка, лушпа. Дебелокорестите лубеници имаат дебелина на корките од два до три сантиметри.
дебелокорка | ж.
Плод што има дебела корка (лубеница, тиква и сл.).
дебелуша | ж.
Дебела жена. Продавачката, дебелушка, со црно под ноктите, ги кладе џимиринките во фишек
дебелушкав | прид.
Постара дебелушкава старица одвај одеше.
деби | ср.
Прв јавен настап, прво излегување пред публика. Деби на фестивалот. Поетско деби.