дема | ж.
Попречна греда. Деми и штици. Манастирски стари деми.
демагог | м.
Тој што настојува да ја придобие довербата на народните маси со празни ветувања и измами со цел да дојде до власт.
демагогија | ж.
Систем и метод со кои се служи демагогот.
демант | м.
Изјава со која се негира вистинитоста на некоја вест или некое тврдење. Објави демант.
демантира | св. и несв.
Даде, дава демант, објави, објавува демант.
демаркационен | прид.
Што е граничен, пограничен, што е во служба на демаркација. Демаркациона линија. Демаркациони трупи.
демаркација | ж.
Гранична линија и разграничување, утврдување на гранична линија меѓу држави или завојувани страни. Основна демаркација.
демарш | м.
Дипломатска постапка или дипломатско дејство во странска држава заради некој протест или барање.
демаскира | св. и несв.
Симне, симнува маска.
дембел | м.
Мрзливец, неработник, готован. Ранам дембел.