делта | ж.

(само едн.) Четвртата буква од грчката азбука.

делтоид | м.

Четириаголник составен од два рамнокраки триаголника со различна висина и со иста, заедничка основа.

делтоиден | прид.

Што се однесува на делтоид, што има форма на делтоид.

делувиум | м.

Нанос во подножјето на падини што настанал со миење на ситни честици земја и камења. Смолничав делувиум.

делум | прил.

делумен | прид.

Што опфаќа само еден дел, што не е целосен. Делумен извештај. Делумна анализа. Делумна или целосна информација. Делумно задоволство.

делфин | м.

(зоол.) Морско животно од фамилијата китови; Delphinus delphi.

Делчево | ср.

Град во Македонија.