демобилизација | ж.
Премин на вооружените сили од воена во мирновременска состојба. Политичка демобилизација.
демобилизира | св. и несв.
Стави, става вооружени сили од воена во мирновременска состојба.
демограф | м.
Тој што професионално се занимава со демографија, специјалист по демографија.
демографија | ж.
Гранка од статистиката, наука што се занимава со проучување на населението, со неговата структура, како и со законитостите на неговото растење и опаѓање (со наталитетот и со морталитетот).
демоде | прид.
Старомоден, што не е модерен; Тоа палто е веќе демоде, не треба да го носиш.
демодиран | прид.
Старомоден, излезен од модата. Демодиран костум. Демодирано палто.
демодира се | св. и несв.
Излезе, излегува од мода, стане, станува немодерно, застарено.
демократ | м.
Приврзаник на демократијата.
демократизација | ж.
Спроведување на демократски начела и принципи во животот, ширење демократија. Процес на демократизација. Целосна демократизација.
демократизира | св. и несв.
Воведе, воведува демократски начела и установи, шири демократија. Новото уредување ги демократизира односите меѓу луѓето.