десеток | м.
Данок во натура, десетти дел. Собирање десеток.
десетти | прид.
Бројна придавка од десет. Десетти пат. Десетта година. Десетто дете.
десеттина | ж.
Десетти дел од целото. Две десеттини
десигнација | ж.
Назначување, одредување.
десиграм | м.
Мерна единица за тежина, десетти дел од грамот
десилитар | м.
Мерна единица за течност, десетти дел од литарот
десиметар | м.
Мерна единица за должина, десетти дел од метарот
дескриптивен | прид.
Што е усно или писмено изложен по пат на опишување; описен. Дескриптивен метод. Дескриптивен термин. Дескриптивна граматика. Дескриптивна лингвистика.
дескрипција | ж.
Усно или писмено излагање во кое нешто објективно се опишува; опишување. Лирска дескрипција. Раскажувачка дескрипција. Структуралистичка дескрипција на еден говор.
деснак | м.
Вол спрегнат од десната страна; левак. Погрешно спрегнати деснаци и леваци.