детерминанта | ж.
Решавачки фактор што влијае за определувањето на некој факт, на некоја општествена појава и сл.
детерминација | ж.
Поблиско определување на некој поим; одреденост, точност. Двојна детерминација.
детерминизам | м.
Учење според кое сѐ што постои во светот е определено од некоја причина надвор од волјата на човекот. Економски детерминизам. Технолошки детерминизам. Историски детерминизам.
детерминира | св. и несв.
Предопредели, предопределува.
детерминист | м.
Приврзаник на детерминизмот.
детинест | прид.
Што е како дете, што има особини на дете. Детинест човек. Детинесто однесување.
детини се | несв.
Постапува како дете, незрело. Не им личи да се детинат пред нас.
детински | прид.
Што му припаѓа на дете. Детинска љубов. Детински ум.
детинство | и.
детиште | ср.
Пејор. од дете. Сурија пакосни детишта. Распуштени детишта.